Дома Топ вести Кралска револуција: Перез спреми 600 милиони за ремонт

Кралска револуција: Перез спреми 600 милиони за ремонт

Реал Мадрид оваа сезона игра под сите очекувања, па без разлика како ќе заврши сезоната, на лето се очекува комплетен ремонт на тимот.

Според информациите на најеминентните шпански медиуми, „кралевите“ во летниот преоден рок ќе донесат неколку звучни имиња, а за тоа веќе спремиле буџет од неверојатни 600 милиони евра.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Листата на фудбалери кои се на радарот на Реал Мадрид е огромна. Сепак, едно име посебно се истакнува, а тоа е напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, кој би можел да стане и најскап фудбалер на светот.

Наводно, актулениот европски шампион е спремен да потроши 250 милиони евра на неговиот потпис, само да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

Извесно е дека и покрај слабите резултати Зинедин Зидан ќе остане на клупата до кракот на сезоната, а наводно од лето нов тренер на „кралевите“ би требало да биде Маурисио Покетино.

Листата на засилувања е навистина импресивна, па покрај Кејн „кралевите“ се заинтересирани уште за Де Геа, Нејмар, Азар…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…