Дома Фудбал Кој ќе го замени Бензема во „Ел Класико“?

Кој ќе го замени Бензема во „Ел Класико“?

Шпанија полека се загрева за големото дерби „Ел Класико“, а домаќин ќе биде Реал Мадрид кој ќе ја пречека Барселона и со победа би можел да стигне на чекор до титулата, зашто во моментов имаат 10 бодови повеќе од Севиља и 15 од каталонскиот ривал.

Меѓутоа, тимот на Карло Анчелоти е во проблеми затоа што денес се потврди дека во натпреварот против големиот ривал ќе бидат без првиот напаѓач Карим Бензема.

Анчелоти има неколку опции, а први се Родриго и Асенсио во трио со Винисиус. Оваа опција е испробана и не функционира, а наједноставно би било Герет Бејл да го замени Французинот како централен напаѓач.

Уште една опција е со Еден Азар како „лажна деветка“, но Белгиецот е далеку од вистинската форма во моментов.

Лука Јовиќ последен пат беше стартер против Интер во Лига на шампиони, а за последен пат заигра против Виљареал, додека Маријано има проблеми со повреди и сезонава одигра само 184 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…