Дома Фудбал Англија Кој ќе владее со Манчестер, Солскер или Пеп!?

Кој ќе владее со Манчестер, Солскер или Пеп!?

Дербито во Премиер Лигата овој викенд се игра во Манчестер помеѓу градските ривали Јунајтед и Сити. Двете екипи во овој меч влегуваат во добра форма, а Сити се надева дека ќе му врати на Јунајтед за поразот на првиот меч сезонава пред своите навивачи.

Јунајтед влезе во добра форма             

Јануарското засилување на Солскер, Одион Игало постигна два гола во четвртокот и му обезбеди место на Манчестер Јунајтед во четвртфиналето на ФА Купот со удобна победа од 3:0 на Дерби. Поранешниот напаѓач на Вотфорд имаше две паметни завршници на едната и другата страна од полувремето. Другиот гол пак го постигна Лук Шоу.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Оле Гунар Солскер сега имаат девет натпревар без пораз и дојдоа на разлика од само три бода и меч помалку од Челзи, кој е на последното место кое води во Лигата на Шампиони следната сезона.

Новиот лидер Бруно Фернандес повторно игра чекор подобро од останатите и полека си ја зазема улогата за која беше доведен – лидерската.

И Лук Шо влезе во топ форма и имаше одлични натпревари како високо поставен бек во формацијата 4-2-3-1.

Солскер направи шест измени во неговиот почетен состав во ФА Купот во однос на мечот минатиот викенд со Евертон и ја зачува свежината во составот.

Мегваер имаше мали проблеми со повреда, но Солскер убедува дека тој ќе биде спремен за настап. А голема е веројаноста дека во почетниот состав ќе се најде место и за Игало кој досега веќе постигна три гола за Манчестер Јунајтед.

Манчестер Сити фаќа залет во добро време

И Манчестер Сити играше во ФА Купот во текот на неделата и успеа да го совлада тимот на Шефилд Вендсдеј со 0:1 и стигнаа до четвртфиналето на ФА Купот. Блиску се и до истата фаза во Лигата на Шампиони по победата над Реал Мадрид на гости со 1:2, а имаат и пет победи по ред. Голем проблем за Пеп е можното неиграње на Кевин де Брујн, но затоа во тимот се враќаат Едерсон и Рахем Стерлинг. Можее веќе да го замислиме составот на Пеп, како и негобата формација. Се знае како ќе одигра Сити и во тоа нема никаква дилема. Тие ќе го имаат поседот и ќе внимаваат на крилата на Јунајтед, кој веројатно се единствените во една таква формација на Сити кој можат да го загрозат голот на Едерсон.

Четири гостински победи на последните четири натпревари

Има еден интересен податок кога во прашање се дуелите на овие две екипи, а кои не смее да го пропуштите. Имено, на последните четири натпревари на овие две екипи, секогаш победувал гостинот. Сезонава на првиот меч славеше Јунајтед со 1:2. Потоа Сити славеше на гости во Купот, за Јунајтед да врати со победа од 0:1 на гости, но испадна поради повеќе примени голови на домашен терен.

Наш предлог:

Победа на Манчестер Сити @ 1.70 во 1хBet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…