Дома Фудбал Италија Кој ќе биде следниот потег на Алегри?

Кој ќе биде следниот потег на Алегри?

Денес беше објавено дека Масимилијано Алегри после завршувањето на оваа сезона ќе го напушти Јувентус.

Алегри во Јувентус помина пет години и секако дека тоа што е без работа ќе привлече големо внимание. Какви се неговите опции?


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Минатата година Алегри го одви Реал Мадрид, меѓутоа сега таму се врати Зидан и промена за брзо време сигурно нема да има.

Алегри сигурно чека понуда во некој поголем клуб и тоа е јасно, а како што стојат работите медиумите во Италија најавуваат дека би можел да одмара една година.

Пари Сен Жермен нема да го отпушти Тухел, изгледа и дека Баерн ќе продолжи со Ковач, па опции Италијанецот нема премногу.

Очекувањата се дека може да чека да се ослободи клупата на некој премиерлигаш, го сакаше Јунајтед, но Солскјер сега потпиша договор. Сепак, треба да се истакне дека иако Норвежанецот потпиша договор поради слабите резултати не е сигурно дека ќе остане. Челзи би можел да го отпушти Сари, но тука проблем може да се појави поради суспензијата која ја имаат „сините“.

Медиумите во Италија шпекулираат дека Алегри може да добие повик од Марота во Интер, меѓутоа засега за такво нешто нема основа.

Најреално во овој момент изгледа дека Алегри ќе одмори малку од тренерската работа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Без  изненадувања  во Аглија,  Манлестер Сити е шампион🎥

Манчестер Сити не дозволи изненадување  и во последото коло го победи Вест Хем со 3:1за од…