Дома Фудбал Англија Кој ќе биде нов капитен на Манчестер Јунајтед?

Кој ќе биде нов капитен на Манчестер Јунајтед?

Капитен на Манчестер Јунајтед во оваа сезона е стоперот Хари Мегваер кој е и најмногу критикуван. Навивачите се надеваат дека со доаѓањето на Ерик Тен Хаг капитенската лента ќе добие нов сопственик.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Јунајтед денес го игра натпреварот против Челзи, а на прес-конференцијата пред овој натпревар се зборуваше и за капитенската лента за наредната сезона.

„Цврсто верувам дека капитенот треба да го избере тимот. Во Германија секогаш сме имале група од четири-пет играчи кои биле избрани од остатокот. Така би правел јас да сум менаџер и наредната сезона, но нема да бидам. Тоа е нешто за кое Ерик Тан Хаг треба да одлучи“, изјави актуелниот стратег на Јунајтед, Ралф Рагник.

Медиумите на Островот пренесуваат и дека и соиграчите на Јунајтед му го свртеле грбот на Мегваер поради слабите настапи во последно време. Како природен лидер секако се наметнува Роналдо. Сепак големо прашањето и дали Роналдо ќе биде во плановите на Тен Хаг.

Капитен на Јунајтед во минатото коло беше Бруно Фернандеш кој во тој натпревар промаши пенал за изедначување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…