Дома Фудбал Кој ќе биде најдобар стрелец на ЕП? УЕФА го смени правилото

Кој ќе биде најдобар стрелец на ЕП? УЕФА го смени правилото

Шпанија и Англија во недела од 21 часот на Олимпискиот стадион во Берлин ќе го играат финалето на Европското првенство.

Во доцните вечерни часови ќе го дознаеме новиот шампион на Европа, но и оној или оние кои ќе ја добијат Златната копачка, наградата за најдобар стрелец.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Дани Олмо (Шпанија), Хари Кејн (Англија), Џамал ​​Мусиала (Германија), Коди Гакпо (Холандија), Микаутадзе (Грузија) и Иван Шранц (Словачка) во моментов имаат по три гола. Со оглед на тоа дека Шпанците и Англичаните се единствените кои се уште во борба за титулата, јасно е дека Олмо и Кејн со нови погодоци можат да постигнат големото индивидуално признание. Но, што ако дури шест играчи останат со три гола?

Долгогодишното правило на УЕФА за големите турнири наведе дека, доколку неколку играчи имаат ист број на голови, Златната копачка ќе му биде доделена на оној со најголем број асистенции меѓу нив, додека вториот критериум е бројот на одиграни минути.

Сепак, бројни светски медиуми објавија дека УЕФА одлучила да го смени правилото за овој турнир, односно да им оддаде признание на сите кои имаат ист број на голови. Така, доколку Кејн или Олмо не постигнат гол во финалето, сите шест ќе бидат прогласени за најдобри стрелци на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…