Дома Фудбал Кој број Гризман ќе го носи во Барселона?

Кој број Гризман ќе го носи во Барселона?

После пет години во мадридски Атлетико, Антоан Гризман одлучи да замине, а шпанскиот првак трансферот ќе го чини 120 милиони евра.

Се уште не е познато кој број ќе го носи 28-годишниот фудбалер, но се чини дека ќе го добие оној кој најмногу го сака – бројот седум.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми тврдат дека бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо, кој го носи бројот седум е спремен да се откаже поради Гризман и Французинот така ќе го добие омилениот број.

Од друга страна, откажувањето од бројот би можело да значи дека Кутињо до крајот на преодниот рок ќе ги напушти редовите на шпанскиот шампион.

Тој веќе долго време се поврзува со заминување. Не ги оправда очекувањата, а тимовите со кои се поврзува се ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Па така, Гризман би требало да стане новата седмица на Барса, а останува да видиме кога тоа ќе се потврди и официјално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …