Дома Фудбал Англија Кој ако не тој: Азар со одличен гол од далечина во 92-та минута го спаси Челзи од бламажа (ВИДЕО)

Кој ако не тој: Азар со одличен гол од далечина во 92-та минута го спаси Челзи од бламажа (ВИДЕО)

Челзи во 30-тото коло во Премиер лигата го пречека најпријатното изненадување во Англија оваа сезона.

Фудбалерите на Челзи ремизираа на „Стенфорд Бриџ“ против Вулверхемптон, до бодот „сините“ стигнаа во судиското продолжение 1:1 (0:0).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првото полувреме фудбалерите на Челзи кружеа со топката околу казнетиот простор на „Волците“, но недостасуваше завршниот пас, „сините“ доминираа, но не успеаа да постигнат гол за водство.

После десетина минути игра во второто полувреме следуваше вистински шок за фаворитот. Хименез и Јота одлично истрчаа, топката стигна до Мексиканецот кој излезе сам пред Кепа, шутираше и таа заврши во мрежата.

Само две минути подоцна после голот на Вулвс, Игуаин имаше шанса да постигне гол меѓутоа Патрисио одлично интервенираше. Нова шанса имаше Челзи веќе во 60-тата минута, Педро шутираше од работ на казнетиот простор, но Португалецот Патрисио одново се истакна со добра интервенција.

Напаѓаше Челзи, прилика добија и младите Хадсон Одои и Лофтус Чик. Вилијан се закани со добар удар во 87-та минута, а Патрисио одново се испречи.

Тогаш во второтата минута од судиското продолжение, кој друг ако не најдобриот играч на Челзи, Еден Азар успева со силен удар од далечина да го совлада Патрисио за 1:1.

Вулвси како да беа шокирани од овој погодок, па „сините“ во последните моменти од натпреварот притиснаа за втор погодок, но сепак успеаа да креираат конкретна прилика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…