Дома Фудбал Репрезентации Косово со пресврт ја победи Чешка и се најде во одлична позиција за пласман на ЕП (ВИДЕО)

Косово со пресврт ја победи Чешка и се најде во одлична позиција за пласман на ЕП (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Косово во рамките во квалификациите за Европското првенство ја дочека Чешка и стигна до победа со резултат од 2:1.

Гостите подобро го отворија натпреварот, а во 16-тата минута стигнаа до водство кога погоди Патрик Шик.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак, само четири минути подоцна следуваше голема радост кај домашните навивачи кога Ведат Мурики после асистенција од Рашани изедначи на 1:1. Иако и двете екипи имаа прилика да постигнат уште по некој гол резултатот до полувремето не се менуваше.

Чешка потоа тргна со сите сили по изедначување имаше нколку одлични прилики и репрезентатиците на Косово од гол-линијата ја спасуваа својата мрежа. Резултатот до крајот не се менуваше и Косово запиша важни три бода.

Косово сега после четири одиграни натпревари има осум бодови на првото место, Англија е втора, но само со два одиграни натпревари, Чесите се трети со 6 од четири натпревари колку што има и Косово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…