Дома Фудбал Репрезентации Косово пред баражот со Македонија се засилува со Стружанец?!

Косово пред баражот со Македонија се засилува со Стружанец?!

Албанските медиуми објавија дека Косово пред натпреварот со Македонија може да добие засилување.

Имено, Пајтим Касами кој во својата кариера го носеше дресот на повеќе европски клубови има можност да избере да настапува Косово. Фудбалерите кои имаат право да играат Косово и кои не одиграле ниту еден официјален натпревар за друга земја од кога Косово е член на ФИФА и УЕФА можат да изберат да настапуваат за оваа селекција.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Касами играше за репрезентацијата на Швајцарија меѓутоа за оваа селекција нема запишано официјален настап уште од 2015 година.

Во овој момент Касами настапува за швајцарски Сион каде што игра од 2017 година. Претходно го носеше дресот на Нотингем Форест, Олимпијакос, Лузерн, Фулам, Палермо и Белинзона.

Инаку Касами води потекл од Македонија, поточно од Струга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал потврди: Мбапе, сепак, бил повреден

Напаѓачот на Реал Мадрид Килијан Мбапе сепак доживеа повреда. Тој ја напушти играта во прв…