Дома Фудбал Косово за полуфиналето со Македонија добива 3000 билети?

Косово за полуфиналето со Македонија добива 3000 билети?

Медиумите во Албанија и Косово веќе пишуваат колку билети ќе добие Косово за претстојното полуфинале во Лига на Нации кое се игра на наш терен.

После наредбата од УЕФА ВАР да се користи на полуфиналињата во Лигата на нации јасно е дека тој натпревар ќе се игра во Скопје.

Арената „Тодор Проески“ како што е познато има капацитет од 35.000 гледачи, а Косово според она што се пишува Косово од УЕФА ќе добие 3000 билети.

Инаку претходно се најавуваше и можна суспензија на Косово поради вмешаност на политиката во федерацијата, но засега освен тие најави не се случи ништо по конкретно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…