Дома Фудбал Репрезентации Косово во големи проблеми: Покрај Муричи ќе ни гостуваат и без капитенот?

Косово во големи проблеми: Покрај Муричи ќе ни гостуваат и без капитенот?

Ние ќе бидеме без Елиф Елмас, но и Косово се соочува со проблеми пред важниот натпревар од Лигата на Нации кој се игра во четврток.

Според информациите кои доаѓаат Косово освен што нема да смета на Ведат Муричи може да биде и без капитенот Амир Рахмани.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Соиграчот на Елмас се уште чека дозвола од ФИФА да се приклучи на репрезентацијата за натпреварот кој се игра за два дена. Според правилата на локалните власти во Неапол Рахмани треба да остане во изолација 14 дена поради близок контакт со заразените. Сепак, постои можност да добие дозвола да допатува во Скопје.

Ќе потсетиме кај нас проблеми имаше Пандев поради големиот број заразени во Џенова, но капитенот направи се и успеа да се придружи на репрезентацијата.

Рахмани е важен играч на Косово во одбраната, а ако тој не игра негова замена би требало да биде Ибрахим Дрешевиќ.

Натпреварот помеѓу Македонија и Косово се игра во четврток со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…