Во холандски АЗ Алкамар се случува вистински хаос со коронавирусот.
На осумте позитивни случаи се додадоа нови пет, но и покрај тоа екипата ќе патува на дуелот против Наполи во рамките од 1. коло во Лига Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради страв Наполи да не го добие мечот службено и дополнително да бидат казнети Холаѓаните ќе се појават на теренот иако ќе им недостасуваат дури 13 фудбалери.
АЗ Алкмар во петокот пријави осум позитивни случаи, а вчера беа потврдени уште пет. Со толку отсуства тешко е да се очекува дека АЗ има шанса против Наполи. Ќе потсетиме кај Наполи поради коронавирус во составот нема да биде македонскиот фудбалер, Елиф Елмас.