Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Виктор Линделоф ќе мора да прави дополнителни прегледи за се утврди зошто тешко дишеше за време на натпреварот. Сега е потврдено дека тие проблеми не се поврзани со коронавирусот.
„Скај“ пренесува дека фудбалерот добро се опоравил откако беше заменет во 74. минута во саботниот натпревар против Норвич (1:0) во Премиер лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Линделоф излезе од теренот држејќи се за градите. Неговата сопруга наведе дека фудбалерот е ставен на срцев монитор и докторите се обидуваат да ја откријат причината за проблемите.
„Виктор во овој момент е на низа прегледи поради претпазливост. Тој е добро, се опорави од она што му се случи на натпреварот против Норвич. Се укажува на тоа дека ова не е поврзано со инфекцијата на коронавирус која изби во клбуот“, соопштија од Манчесатер Јунајтед.
Поради проблемите со коронавирусот во клубот одложен е натпреварот кој Јунајтед вечерва требаше да го игра против Брентфорд.