Пандемијата на коронавирусот во најголемиот дел од Европа го откажа фудбалот, прекинати се големите европски лиги, освен Бундес лигата каде што ќе се одигра уште едно коло.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во Англија денес е донесена официјална одлука за да се прекинат сите фудбалски натпреварувања до 4. април. Оваа одлука го спречи Ливерпул да испише историја.
Ливерпул беше на чекор да ја освои титулата шампион и можеше да стане првата екипа која ја освоила титулата пред април.
Меѓутоа со оглед на тоа дека нема да има натпревари до април јасно е дека коронавирусот го спречи тимот на Клоп да испише историја.