Дома Фудбал Останато Коронавирусот го доведе големиот клуб пред банкрот: Бара играчите да прифатат намалување на платите

Коронавирусот го доведе големиот клуб пред банкрот: Бара играчите да прифатат намалување на платите

Пандемијата со коронавирусот сигурно ќе влијае на финансиите на многу европски клубови. Еден од тие клубови е белгиски Андерлехт кој трпи страшни загуби и тоа би можело да го доведе овој клуб до банкрот.

Клубот одлучи да ги намали трошоците колку што ее можно, а најцрното сценарио не го исклучува ниту газдата Карел Ван Етвелт.

„Коронавирусот има големо влијание на нашите животи. Андерлехт не може да побегне од последицата на пандемијата. Нашиот клуб е должен поради големата неизвесност околу приходите да ги намали трошоците колку што е можно повеќе. Тоа подразбира и флексибилност на сите вработени. Клубот одлучи жртвата да ја подели на сите. Сите мораме да учествуваме. Андерлехт е клуб кој низ историјата се нашол во големи проблеми, но секогаш излегувал како победник. Ќе победиме и сега“, стои во обраќањето на клубот.

Наводно Белгијците должат 100 милиони евра и поради ситуацијата во овој момент тој долг може дополнително да порасне.

Инаку, Андерлехт е најтрофејниот белгиски клуб со освоени 34 титули. Во својата историја има успех и во Европа. Го освои УЕФА Купот (денешна Лига Европа) во 1983, Купот на победниците на куповите (денешна Лига на шампиони) во 1976 и 1978 година и УЕФА Суперкупот во 1976 и 1978.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…