Дома Трансфер зона „Кориере“: Лукаку е прескап, Интер има нова опција – Едисон Кавани!

„Кориере“: Лукаку е прескап, Интер има нова опција – Едисон Кавани!

Италијанскиот медиум, „Кориере дело Спорт“ објади дека Интер се откажува од намерата да го доведе Ромелу Лукаку.

Манчестер Јунајтед наводно не сака да ја спушти цената под 80 милиони евра и Италијанците сметаат дека тоа е пемногу. Втора опција беше Един Џеко, но ситуацијата со босанскиот напаѓач се искомплицира затоа што Рома не сакаше да го пушти додека не му најде адекватна замена. Римјаните го сакаат Игуаин, меѓутоа преговорите се на самиот почеток и Интер не сака долго да чека.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пишува „Кориере“, Антонио Конте и неговите соработници се насочиле кон Едисон Кавани кого го гледаат како идеален напаѓач во новиот Интер. Уругваецот е поефтин, а можеби и подобар избор од Лукаку бидејќи неговата статистика од последните сезони е импресивна. Освен тоа тој има само уште една година од договорот со ПСЖ и се очекува цената на пазарот да му биде околу 40 милиони евра.

Кавани во ПСЖ пристигна пред шест години за 65 милиони евра и на 279 натпревари за ПСЖ постигна 193 гола и запиша 40 асистенции. Минатата сезона оствари учинок од 23 гола и девет асистенции, а во таа претходно постигна 40 голови и додаде 11 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан се засилува со плејмејкерот на Реал Мадрид

Милан е силно заинтересиран и започнал преговори со Реал Мадрид за плејмејкерот Дани Себаљ…