Дома Фудбал Италија „Кориере дело Спорт“: Ибрахимовиќ донел одлука за својата иднина

„Кориере дело Спорт“: Ибрахимовиќ донел одлука за својата иднина

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Златан Ибахимовиќ сака да остане во Милан и дека неговиот агент Мино Раиола веќе започнал преговори со италијанскиот гигант за нов договор.

39 годишниот Швеѓанец со Милан потпиша договор на една година, но после фантастичниот старт на сезоната, Ибра одлучил да остане подолго. Очекувањата беа Ибра да не одлучи што понатаму до пролет, но наводно сега е спремен да стави потпис на нов договор.

Ибра некое време не беше во составот поради позитивниот тест на Ковид-19, но се врати на одличен начин, со два гола во дербито со Интер, а Милан победи со 2:1.

Откако Златан пристигна во Милан минатата зима, „росонерите“ се еден поинаков тим, а во новата сезона имаат четири победи во исто толку натпревари и се лидери на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…