Дома Топ вести Конфузија околку Модриќ во Мадрид: Како ќе заврши оваа ситуација и дали ќе го имаме следниот ГОЛЕМ трансфер!?

Конфузија околку Модриќ во Мадрид: Како ќе заврши оваа ситуација и дали ќе го имаме следниот ГОЛЕМ трансфер!?

Лука Модриќ и официјално е прогласен за најдобар играч за врска во Европа, но иднината во Мадрид му е крајно неизвесна.

Имено, многу шпански медиуми тврдат дека Флорентино Перез нема намера да се потпре на играч кој има 32 години. Тука има логика, па така продолужваат претпоставките што навистина ќе се случи со Лука. Повеќе не е незаменлив во Реал, исто како и Бејл и Бензема, а неколку гиганти трпеливо го чекаат конечниот расплет.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многумина се прашуваат дали Зидан бара наследник за Модриќ или само повремено го одмара хрватскиот репрезентативец за да го задржи што е можно подолго. Тоа најдобро го занаат само тие двајца, но медиумите не можат да одолеат на шпекулациите. Инаку, Модриќ има договор до јуни 2020., но според новинарите кои се блиски до „кралскиот клуб“ тешко дека е го одработи до крајот.

Имено, некои мислат дека франуцскиот стратег сака да стави некои помлади опции и дека хрватскиот капитен повеќе не е подготвен на улогата во која не би бил меѓу главните „актери“, без оглед на тоа што неговата годишна плата изнесува дури седум милиони евра.

Тешко е да се шпекулира, но Модриќ не треба да се грижи за својата иднина, бидејќи другите гиганти само чекаат во ред.

Јувентус, ПСЖ и Манчестер Јунајтед се наведуваат како клубови кои внимателно ја следат ситуацијата околку Модриќ и го чекаат најдобриот момент за да тргнат во акција. Во игра наводно е и неговиот поранешен клуб, Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…