Дома Фудбал Италија Конте сепак останува без најголемата желба

Конте сепак останува без најголемата желба

Интер вчера ги доведе Диего Годин и Валентино Лазаро, но најголемата желба на новиот тренер Антонио Конте е далеку од Џузепе Меаца.

Една од најголемите желби на Конте за ова лето е Николо Барела, чиј трансфер во Интер е далеку од реализација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Каљари потврди дека во овој момент Рома е најблиску до трансфер на Барела.

„Имав договор со Интер околу Барела околу фиксната уплата уште на 11. јуни. Само недостасуваа бонуси. А потоа ги немаше дваесет денови. Сега се договоривме со Рома, а Барела треба да одлучи, најверојатно во наредните два дена.“ – изјави претседателот на Каљари.

Барела е репрезентативец на Италија и има 22 години, а игра на позицијата централен везен и дефинитивно Конте ќе има проблем ако се одлучи за Рома.

Барела во Серија А одигра 100 натпревари и постигна седум погодоци, а пред Каљари играше и за Комо во Серија Б.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…