Дејан Кулушевски игра одлично во Тотенхем откако пристигна во овој клуб во јануарскиот преоден рок.
Кулушевски во досегашниот дел од сезоната забележа два гола и пет асистенции во 12 натпревари во Премиер лигата. Конте истакна дека сакал да го доведе Кулушевски кога бил и во Интер, но тогаш Јувентус понудил повеќе пари и победил во трката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сакав да го имам Кулушевски уште во Интер, меѓутоа Јувентус понуди повеќе пари и го ангажираше. Зборуваме за фудбалер кој има 21-22 години, треба да продолжи да игра на овој начин има одлична техника и цврстина. Тотенхем направи одлична зделка“, изјави Конте.
Во овој момент Тотенхем е на четвртата позиција во Премиер лигата и до крајот на сезоната ќе се бори за место во Лигата на шампионите.