Менаџерот на Челзи, Антонио Конте изјави дека неговиот тим не заслужил да биде поразен на гостувањето кај Манчестер Јунајтед.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Сините“ дојдоа до водство со голот на Вилијам, но Манчестер направи комплетен пресврт со головите на Лукаку и Лингард.
„Мислам дека ремито ќе беше праведен резултат, но сега зборуваме за пораз. Требаше да бидеме поефикасни. Натпреварот беше отворен и противникот не натера да платиме за тоа. Манчестер Јунајтед е одличен тим, а ние треба да бидеме разочарани бидејќи можевме подобро“, изјави Конте.
„Знаеме дека ќе биде тешко да се избориме за место во Топ 4 кое води во Лигата на шампиони. Треба да работиме повеќе бидејќи првенството е многу тешко и треба да крај да се бориме за место во ЛШ“, заклучи Италијанецот.