Менаџерот на Челзи, Антонио Конте призна дека бил заинтересиран за Вирџил Ван Дијк пред да премине од Саутемптон во Ливерпул.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ливерпул го доведе Ван Дијк за сума од 85 милиони евра и со тоа го направи најскап дефанзивец на сите времиња, а Холанѓанецот веќе на дебито во градското дерби против Евертон го постигна победничкиот гол за 2:1.
„Сето тоа е фудбал, односно живот. Секако дека тој беше на наша мета долго време… Постојат многу фудбалери кои ги следиме, но не можеш сите да си ги дозволиш. Трансфер пазарот не е едноставен. Ливерпул ја засили одбраната, Ван Дијк е фантастичен. Истовремено тие го продадоа Кутињо, па поради тоа имаат пари да инвестираат“, изјави Конте.