Дома Фудбал Англија Конте откри зошто Мората е во лоша форма!

Конте откри зошто Мората е во лоша форма!

Алваро Мората минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување и одлично ја започна сезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако се чинеше дека Мората ќе биде адекватна замена за Диего Коста, сепак во вториот дел од сезоната шпанскиот напаѓач „потфрли“.

Лошата форма го извади од првиот тим, а сега Конте конечно ја откри причината за слабите игри на Мората.

„Му требаше одмор за да влезе целосно подготвен во финишот на сезона. Имаше проблеми со грбот и тоа беше сериозно. Никој не можеше да знае колку време ќе му биде потребно за да се реши проблемот. Можеше да трае еден ден или цела сезона. За таа повреда никогаш не се знае“, изјави Конте.

„За среќа успеа да го реши проблемот и нашиот лекарски тим направи најдобро што можеше за да му помогне. Сега е подготвен, иако е свесен дека на почетокот повторно ќе чувствува болки во грбот“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aнгличаните во САД ги разбуди силен земјотрес! (Видео)

Привремената база на англиската репрезентација во Флорида беше погодена од земјотрес со ја…