Meнаџерот на Челзи, Антонио Конте смета дека на Жозе Мурињо му било полесно да работи на „Стенфорд Бриџ“.
Антонио Конте минатата сезона со Челзи ја освои титулата во Премиер лигата, но оваа сезона неговиот клуб има големи проблеми и многу веројатно дека ќе остане без пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Секогаш може подобро, така размислувам јас. Но, не заборавајте дека Мурињо имаше 72 победи пред многу години. Сега е поинакво време и многу потешко е да се постигнуваат такви резултати со Челзи. Постојат други работи кои мораат да се земат во предвид“, изјави Конте.
Тимот на Конте ќе игра во полуфиналето од ФА Купот против Саутемптон и доколку се изборат за пласман во финалето би можел да се сретне со Жозе Мурињо.
Манчестер Јунајтед денес го игра својот полуфинален натпревар против Тотенхем.