Дома Фудбал Италија Конте на лето го напушта Интер

Конте на лето го напушта Интер

Антонио Конте на лето може да го напушти Интер доколку сопствениците на клубот не му гарантираат засилувања за следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Конте и минатото лето имаше несогласувања со раководството, но остана во Интер и е на добар пат да го освои Скудетото.

Сепак, „Тутоспорт“ тврди дека Конте е уморен од ситуацијата која се случува во клубот и финансиската криза, па на лето е спремен да ја промени средината.

Сопствениците на клубот, компанијата „Сунинг“ не може да му даде гаранции за наредната сезона и тоа е голем проблем за Конте.

„Тутоспорт“ тврди дека Манчестер Јунајтед и Тотенхем будно ја следат ситуацијата, а и самиот Конте е спремен да се врати на Островот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Свилар го чека трансфер на кариерата: Рома бара 60 милиони евра!

Јувентус започна прелиминарни контакти со Рома по однос на можниот ангажман на голманот Ми…