Дома Фудбал Англија Конте искрен: Не знам што ќе се случи доколку изгубиме

Конте искрен: Не знам што ќе се случи доколку изгубиме

konte

Денес од 17:00 часот на програмата е големото лондонско дерби помеѓу Челзи и Тотенхем.

Англиските медиуми тврдат дека во случај на пораз ова би можело да биде последен натпревар за Антонио Конте на клупата на Челзи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Челзи веќе подолго време е под притисок од фудбалската јавност, поради резултатите на клубот.

Освен пласманот во полуфиналето од ФА Купот, Челзи на сите останати фронтови испадна од борбата за трофеј. Сепак, сезоната делумно би можела да биде спасена со пласманот во Лигата на шампионите, поради тоа натпреварот против Тотенхем е од огромна важност за „сините“.

„Важен натпревар е пред нас. Знаеме дека мораме да победиме ако сакаме да останеме во игра за Лигата на шампионите“, констатираше Конте на конференцијата за медиуми и продолжи:

„Морам да бидам искрен. Не знам што ќе се случи доколку изгубиме. Тоа сепак, не е мој проблем туку на клубот“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дали е ова најголемoто промашување на сезоната? Погледнете како играчот на Астон Вила не успеа да постигне гол

Ливерпул одигра 3:3 со Астон Вила во претпоследното, 37. коло од овогодинешното издание на…