Дома Фудбал Англија Конте за првпат се огласи по отказот во Тотенхем

Конте за првпат се огласи по отказот во Тотенхем

Италијанскиот стратег Антонио Конте за првпат се огласи по отказот во Тотенхем.

Конте го презеде Тотенхем на почетокот на ноември 2021 година, откако беше отпуштен Нуно Еспирито Санто. Брилијантно го водеше тимот првата година и затоа летово беше награден со најголемиот трансфер буџет во историјата на клубот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тоа го искористи за да доведе познати имиња, меѓу кои и бразилскиот напаѓач Ричарлисон кој беше платен рекордни 58 милиони евра, додека аргентинскиот стопер Ромеро 50 милиони евра.

„Фудбалот е страст. Би сакал да им се заблагодарам на сите во Тотенхем кои ја ценеа и споделија мојата страст и мојот интензивен начин на живеење фудбал како тренер. Посебна благодарност до фановите кои ме поддржаа. Беше неверојатно да се слушнат како го пеат моето име. Нашето заедничко патување заврши. Ви посакувам се најдобро во иднина. Антонио“, објави Конте на својот Инстаграм профил.

Забележа Конте неколку добри резултати во Тотенхем. Тој стана првиот тренер на клуб кој нема пораз по осум првенствени натпревари, а по три години обезбеси место за Тотенхем во Лигата на шампионите. Кон средината на октомври минатата година, со победата над Евертон, со која Тотенхем во првите 10 кола освои 23 бода, го имаше најдобриот старт на сезоната во историјата на клубот.

Сепак, тогаш започна падот, кој го достигна врвот во февруари и март. Тотенхем беше елиминиран во ФА Купот од второлигашот Шефилд Јунајтед, додека во осминафиналето на Лигата на шампионите беше исфрлен од Милан. Кризата го достигна својот врв кога Конте жестоко ги критикуваше играчите и управата по ремито 3:3 со Саутемптон, иако Тотенхем водеше со 3:1.

Конте ќе добие околу 4,5 милиони евра отпремнина од клубот, бидејќи договорот е раскинат три месеци пред истекот. Како негов иден наследник се споменува Германецот Џулијан Нагелсман (35), кој доби отказ од Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Араухо ја остави Барса на цедило, ПСЖ израмни🎥

Барселона и ПСЖ играат исклучително возбудливо прво полувреме и на пауза заминаа со резулт…