Aнглиските медиуми во последните месеци се повеќе шпекулираат дека се ближи денот кога Антонио Конте ќе добие отказ од Челзи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
После минатата шампионска сезона, тренерот на Челзи наводно ја изгубил довербата од управата и навивачите бидејќи лондонскиот клуб во овој момент се наоѓа на третата позиција во англиската Премиер лигата.
„Тешко е сега да се коментира, посебно бидејќи за тоа се зборува уште од првиот натпревар против Барнли. Мислам дека досега требаше да знаете дека тоа не е моја работа. Фокусиран сум само на играта на тимот и на тоа што подобро да ја завршиме сезоната. Имаме уште две недели од сезоната и потоа ќе биде позната мојата иднина. Сегашноста е дека имам договор и посветен сум на Челзи, ништо друго“, изјави Конте.
Во случај Конте да заработи отказ во овој момент како најсериозни кандидати за негови наследници се споменуваат Маурицио Сари и Луис Енрике.