Двата порази во низа и падот на табелата повторно го загрозија местото на Антонио Конте и медиумите секојдневно пишуваат за негов наследник, а до сега најмногу се споменуваше името на Луис Енрике, но Конте смета дека не му е загрозена позицијата.
Италијанецот сака да остане тренер и следната година и поради тоа ја советуваше управатан а ЧКоелси добро да размисли или како што тој кажа постојат два начини на кои треба да се реагира после очајната сезона – „глупи и интелигентни“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не ја продолжувате соработката со тренерот поради тоа што освоил нешто во една сезона или не, туку затоа што верувате во неговата визиија. На тоа ја базирате и иднината, работата не е само во освојувањето на ттитули, бидејќи тоа воопшто не е лесно. Никако. Посебно во Англија. Можете да освоите титула, но и тоа може да биде недоволно па да добиете отказ. Истовремено клубот може да ја продолжи соработката со тренерот и да дозволи да работите без оглед на неуспехот со цел да изградите нешто големо во иднината“, изјави Конте.
Италијанецот потенцираше дека во ваква ситуација постојат два начини.
„Постојат глуп и интелигентен начин. Го ценам мислењето на другите. Доколку клубот одлучи да го раскинеме договорот, не знам кога, тоа ќе биде затоа што не биле задоволни од мојата работа. Како што знаете мојот договор истекува во јуни 2019 година и кога јас би се прашувал сакам да останам и да работам тука и следната година“, порача Конте.