Дома Фудбал Англија Конте: Докажав дека сум сериски победник!

Конте: Докажав дека сум сериски победник!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте по освојувањето на ФА Купот уште еднаш потврди дека сака и следната година да го води тимот од „Стенфорд Бриџ“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челзи ја „спаси“ лошата сезона со трофеј во ФА Купот, а Конте јавно се прогласи за „сериски победник“.

„Мојата позиција не се промени. Не сакам да слушам други предлози. Моето мислење е јасно, го почитувам договорот со Челзи и сакам да продолжам да работам. За две години го освоивме првенството и ФА Купот. Мислам дека докажав дека сум победник, сериски победник, и покрај тешкотиите“, изјави Конте.

„Кога си навикнат да победуваш сезона како оваа може да ти создаде проблеми. Почнуваш да си поставуваш прашања, да губиш самодоверба. Но, и во тешки услови јас покажав дека сум победник“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се подготвува еден од најголемите трансфери досега? ПСЖ бара 170 милиони евра за ѕвездата

Ливерпул испрати понуда вредна повеќе од 100 милиони евра за крилниот напаѓач на Пари Сен-…