Дома Фудбал Англија Конте демантира и го обвинува „невозможниот“ распоред: Тренираме 70% помалку!

Конте демантира и го обвинува „невозможниот“ распоред: Тренираме 70% помалку!

Тренер на Челзи, Антонио Конте, денес излезе со изјава во медиумите откако вчера се појавија информации дека во клубот од Лондон не се задоволни од неговата работа, поточно од интезитетот на тренинзите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според Конте играчите се преморени поради „невозможниот“ распоред на натпревари.

Тој изјави дека екипата тренира 70% помалку отколку минатата сезона во која Челзи ја освои титулата, но не играше во европските натпреварувања.

Челзи не победи на последните три натпревари, изгуби од Манчестер Сити и Кристал Палас во Премиер лигата и одигра нерешено 3:3 против Рома во Лигата на шампионите.

Конте смета дека екипата е во лоша форма поради густиот распоред и недостатокот на време за припреми.

„Кога играш на секои три дена невозможно е целосно да се подготвиш на тактички и физички план. Немаме доволно време се посветиме на тренинзите“, изјави Конте.

Во овој момент на листата повредени во Челзи, се Нголо Канте, Дени Дринквотер и Виктор Мозес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА воведува големи правила за СП: Исчезнува трикот што тренерите сѐ почесто го користеа

На Светското првенство 2026 година повеќе нема да гледаме сцени каде повредата на голманот…