Дома Фудбал Италија Конте го шокира Интер со своите барања!

Конте го шокира Интер со своите барања!

Баз разлика на исходот на сезоната, раководството на Интер е решено да се раздели со тренерот Лучијано Спалети.

Што и да направи Лучијано Спалети со Интер до крајот на сезоната, готово е сигурно дека ќе добие отказ, а италијанските медиуми тврдат дека прва желба на раководството е Антонио Конте.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Конте наводно веќе имал неколку средби со директорот Марота на кои ги соопштил своите барања, кои го „шокирале“ миланскиот гигант.

Италијанецот на крајот на сезоната ќе биде слободен откако дефинитивно ќе му заврши договорот со Челзи, а веќе ги поставил своите услови на раководството на „нероаѕурите“.

Имено, Конте побарал 10 милиони евра по сезона, исто колку што беше неговата плата на „Стенфорд Бриџ“, но и одврзани раце на трансфер пазарот да состави тим по своја мерка. Притоа, сака договор на три години.

„Газета дело Спорт“ тврди дека Конте нема да го стопира заминувањето на Мауро Икарди, но како негова замена го сака Ромелу Лукаку.

Белгиецот не е прв избор кај Солскјер и е спремен да ја промени средината, а неговиот агент неодамна изјави дека би сакал да игра во Италија.

Ова значи дека Интер ќе треба значително да го одврзе кесето доколку сака да го донесе Конте на „Џузепе Меаца“. Особено поради фактот што Спалети има уште две години договор и неговиот отказ ќе ги чини „нероаѕурите“ 20 милиони евра.

За тригодишен договор на Конте клубот треба да обезбеди 30 милиони евра, па целата операција ќе го чини миланскиот гигант 50 милиони евра.

Поради тоа италијанските медиуми тврдат дека раководството на Интер се уште нема донесено конечна одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите слават, на повидок важен потпис во Милан

Милан постигна договор со голманот Мајк Мењан за продолжување на соработката, пренесуваат …