Дома Фудбал Италија Конте го исфрла Брозовиќ од тимот!?

Конте го исфрла Брозовиќ од тимот!?

Maрсело Брозовиќ и Ромелу Лукаку имаа судир после ремито против Славија Прага, а изгледа подебелиот крај го извлече хрватскиот репрезентативец. Конте наводно ќе го суспендира за натпреварот против Милан.

Интер во првото коло од Лигата на шампионите направи кикс одигрувајќи само нерешено против аутсајдерот Славија Прага. Навивачите очекуваа победа, но играчите на Антонио Конте ги разочараа сите, а така и самите себе.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лошиот резултат донесе нервоза помеѓу играчите. Нервите после натпреварот го изгубија Марсело Брозовиќ и Ромелу Лукаку, медиумите пишуваа дека двајцата фудбалери биле блиску и до физичка пресметка.

Конфликтот наводно го испровоцирал хрватскиот играч за врска, а во негова одбрана застанал голманот Самир Хандановиќ, додека на помош на Лукаку скокна Алексис Санчез кој застанал помеѓу нив двајца и спречил уште поголем проболем.

На крајот Брозовиќ нервозата изгледа скапо ќе ја плати уште во следниот натпревар. Имено, според пишувањето на медиумите тренерот Антонио Конте ќе го суспендира играчот за врска за следниот натпревар. Целта е да се смират односите помеѓу играчите бидејќи Марсело бил тој го предизвикал проблемот.

На негово место би требало да заигра Барела кој влезе во игра во натпреварот на Славија токму на негово место во судиското продолжение и погоди за 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …