Конор Мекгрегор пред само неколку дена се обидуваше да го испровоцира Кабиб Нурмагомедов на борба.
Јасно е дека Ирецот сака реванш против УФЦ шампионот во лесна категорија. Сепак, пред него во октагон со Кабиб ќе влезе Тони Фергусон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И додека се чека официјална објава за таа борба Мекгрегор прогнозираше кој ќе победи во таа борба.
Интересно е што Конор јавно кажа дека Кабиб има предност, па дури и го пофали што е навистина реткост.
„Кабив веројатно ќе победи. Но треба добро да се види какви ќе бидат околностите во тој момент. Секој може да победи. Тони е многу цврст тип и страшен борец, но лесно паѓа и многу послаби борци против него знаеа да дојдат до доминантна позиција. Затоа му давам предност на Кабиб“, изјави Конор.