По пауза од три години Конор Мекрегор ќе се врати во октагон. Требаше Ирецот да се појави на терените во јуни, но сепак не дојде до борба со Мајкл Чендлер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, Конор не се предава и преку социјалните мрежи го повика Дана Вајт да закаже меч во кој тој ќе покаже што знае.
„Дајна, на декември тој и тој…Да ја завршиме календарската година со еден победнички меч. Јас го заслужувам тоа. Во следниот месец стартувам со вистински подготовки“, порача Конор.
Останува сега да се види каков ќе биде одговорот на Вајт, но нема дилеми дека борба на Конор би привлекла сериозно внимание, без разлика што тој не е на нивото од минатото.