Дома Останати Конор молчел долго време: Откри причина поради која можеби изгубил од Кабиб!

Конор молчел долго време: Откри причина поради која можеби изгубил од Кабиб!

Oд борбата помеѓу Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов помина многу време, Кабиб тогаш победи со „гушење“ и констатно се зборува за реванш помеѓу Ирецот и Дагестанецот.

Изминатата вечер на Конор изгледа му беше прилично досадно, па поминуваше време на друштвените мрежи и разговараше со фановите, а помеѓу останатото откри и една „бомба“. Како да не му беше доволно што се појави снимка од инцидентот во која се гледа како му го крши телефонот на неговиот фан…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ирскиот борец откри дека три недели пред борбата со Кабиб Нурмагомедов ја скршил ногата.

„Го скршив стапалото три недела пред борбата, но не се откажав, а на сето тоа го зададов и последниот удар во вечерта. На неговиот брат. Задоволен сум од тоа како помина борбата и научив лекција, што е уште поважно“, напиша Мекгрегор.

Исто така Конор верува дека разните обвиненија против него со времето ќе се покаже дека се лажни.

„Добро сум, благодарам на прашањето. Не верувајте во се што ќе прочитате, а на некои медиуми не им верувајте апсолутно ништо“, порача Мекгрегор.

Добра вест за Конор е дека нема да мора да се грижи поради граѓанска тужба (за инцидентот со фанот и телефонот) на која Ахмед имал право после нападот на славниот борец. Ахмед нема да поднесе таква тужба бидејќи дошло до договор. Медиумите пренесуваат дека Ахмед добил 11.000 фунти за телефонот и претрпениот стрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Гобари“ ефорично ги пречекаа хрватските легенди Кукоч и Раџа🎥

Легендарниот кошаркарски тандем, Тони Кукоч и Дино Раџа се специјални гости на Партизан на…