Конор Мекгрегор доби предизвик за уште една спектакуларна борба.
Ирската ММА Звезда после поразот во борбата со Кабиб Нурмагомедов ги разгледува можностите за нови предизивци, а сега доби предизвик од англискиот борец Дарен Тил.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тил неодамна го доживеа првиот пораз во кариерата во борбата за велтер титулата против Тајрон Вудли, а сега би сакал да се бори против Конор и тоа на „Енфилд“.
„Ја изгубив последната борба, Конор исто така. Двајцата сме од Европа, двајцата сме навивачи на Ливерпул. Сфаќате што сакам да кажам?, запраша Тил па продолжи:
„Зборував и претходно сакам да го распродадам стадионот во мојот град. Тој зборуваше дека би сакал да се бори во „Крок Парк“ во Даблин, но верувам дека би го прифатил мојот предизвик“.
„Зборуваше дека сака борба за појасот во велтер. Исто така и ја сакам реванш, па ете победникот од нашата борба нека добие шанса за титула. Јас сум се уште број 2 во оваа дивизија. Зошто да не организираме борба? Ние сме големи ѕвезди во Европа и не, не зборувам за борба во Лас Вегас, туку на „Енфилд“. Искрено, јас не гледам пречка да направиме такво нешто“, изјави Тил.
https://www.youtube.com/watch?v=5XDj8qhTm-c