Дома Останати Конечно се огласи човекот кого Кабиб го нападна: Со нетрпение ги чекам резултатите

Конечно се огласи човекот кого Кабиб го нападна: Со нетрпение ги чекам резултатите

Eден од членовите на тимот на Конор Мекгрегор конечно се огласи после она што се случуваше помеѓу него и Кабиб Нурмагомедов после борбата во Лас Вегас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Долгоочекуваната борба помеѓу Нурмагомедов и Мекгрегор заврши со вистински хаос. Дагестанецот го прескокна кафезот и го напад Данис, па настана жестока тепачка.

Нурмагомедов после борбата на прес-конференцијата Кабиб тврдеше дека тренерот на Ирецот испратил навреди кон неговото семејство и религија.

„Никогаш не сум навредувал, ниту ќе навредувам на верска основа. Со нетрпение чекам Атлетската комисија на Невада да ги објави резултатите од истрагата и да ја префрли вината онаму каде што припаѓа“, изјави Данис, а за медиумите зборуваше и уште еден негов соработник.

„Тој не кажа ништо. Стоев покрај Дилон и доколку кажеше нешто сигурно ќе го слушнев“.

После инцидентот Кабиб веројатно го очекува суспензија помеѓу четири и шест месеци, а треба да се спомене и дека Мекгрегор веќе побара реванш и можноста повторно да ги гледаме Нурмагомедов и Мекгрегор заедно во кафезот не е исклучена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…