Како што дознава секогаш добро информираниот „Mundo Deportivo“, Хари Кејн од следната сезона би требало да го предводи нападот на Реал.
Одличниот напаѓач на Тотенхем веќе неколку месеци е желба на европскиот и шпанскиот шампион, а каталонскиот весник тврди дека лондонскиот клуб конечно се согласи да го пушти напаѓачот во Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кејн би требало да стане најскапиот фудалер во историјата на Реал кој за него е подготвен да плати дури 200 милиони евра, 20 милиони помалку од она што ПСЖ го плати за најскапиот фудбалер во светот, Нејмар. Наводно, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви веќе разговарал со агентот на еден од најдобрите напаѓачи во светот за да го подготви на можен трансфер.
Реал оваа сезона веќе се опрости од одбраната на титулата во шпанското првенство, бидејќи зад лидерот Барселона заостанува огромни 19 бода. Шокантно испадна и од Купот на Кралевите, па единствената надеж им е Лигата на Шампионите, каде што во осмина финелето ќе игра против силниот ПСЖ.
Мадриѓаните следното лето би можеле да потрошат повеќе од 400 милиони евра, бидејќи планираат да ги доведат и Еден Азар и Давид Де Геа.