Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов денес ги дознаа казните откако беше одржано сослушување пред комисијата во Невада.
УФЦ ѕвездите се суспендирани поради инцидентот кој се случи после борбата во Лас Вегас кон средината на октомври. Тогаш Кабиб излезе како победник за потоа да предизвика вистински хаос.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Епилогот е следниот:
Кабиб е суспендиран на девет месеци и казнет со 500.000 долари со тоа што постои можност со жалба казната да му биде намалена на шест месеци.
Конор доби суспензија од шест месеци и казна од 50.000 долари.
Колегата на Кабиб, Зубаир доби парична казна во износ од 25.000 долари. Абубакар Нурмагомедов кој се започна суспендиран е на една година и ќе мора да плати 25.000 долари.
https://www.youtube.com/watch?v=CxDXCvAkOKA