Дома Топ вести Конечно најавена средба Меси – Бартомеу

Конечно најавена средба Меси – Бартомеу

Таткото и агент на Лионел Меси, Хорхе ќе пристигне во Барселона следната недела, пренесува „Мундо Депортиво“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Таткото на Меси треба да се сретне со претседателот на Барселона, Бартомеу и сака професионалните односи помеѓу двете страни да прекинат на мирен начин.

Од тимот на Меси се убедени дека има правна сила за да го раскинат договорот со Каталонците и Аргентинецот да си замине како слободен играч.

Барселона денес ја доби поддршката од Ла Лига која излезс со соопштение во кое е посочено дека Меси може да си замине само доколку се активира неговата клаузула од 700 милиони евра.

Бартомеу на состанокот ќе предложи Меси да потпише нов договор и да остане во Барселона, а се останато ќе го смета за неприфатливо.

Од друга страна, Хорхе ќе инсистира неговиот син пријателски да се раздели со клубот во кој ја помина целата своја досегашна кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Манчестер Јунајтед сакаат напаѓач од Интер: Цената е 85 милиони евра

Арсенал и Манчестер Јунајтед го следат Франческо Пио Еспозито, 21-годишниот напаѓач на Инт…