Кон половината на септември минатата година еден од најдобрите голмани во светот последен пат го бранеше голот на Баерн Минхен.
Мануел Ноер во септември минатата година по трет пат ја скрши коската на стапалото, а само што се опорави од повредата следуваше нова, скоро идентична. Следуваше долга пауза, а датумот за негово враќање на теренот неколку пати беше одложуван.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Прво Ноер требаше да се врати во тимот во јануари оваа година, но тоа не се случи. Сите симпатизери на германскиот национален тим започнаа да се грижат бидејќи почна да се доведува во прашање и неговиот настап на Мундијалот во Русија.
Сепак, осум месеци после повредата Ноер конечно се врати во ростерот на Баерн. Имено, Баерн Минхен на својот официјален Твитер профил соопшти дека Ноер ќе биде во конкуренција за утрешното финале од Купот на Германија против Ајнтрахт Франкфурт.
Финалето помеѓу Баерн и Анјнтрахт се игра утре со почеток во 20:00 часот.
? Tolle Neuigkeiten: @Manuel_Neuer hat die Reise nach Berlin mit angetreten und wird erstmals seit September 2017 im Kader stehen!
Alle Infos ➡ https://t.co/BYdfdJ6ZLa #FCBSGE #Berlin2018 pic.twitter.com/BKOp1fGlXf
— FC Bayern München (@FCBayern) May 18, 2018