Зинедин Зидан во 1996 година беше на прагот на трансфер во Манчестер Јунајтед, откри некогашниот претседател на англискиот клуб, Мартин Едвардс.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Французинот по напуштањето на Бордо беше во преговори со Манчестер Јунајтед и во тој период делуваше како се да е договорено, но во последен момент работата ја стопираше тренерот, Алекс Фергусон.
Според зборовите на Едвардс, шкотскиот стратег сметаше дека во неговиот тим не би било истовремено место за Зидан и Кантона.
„Зидан и Кантона играа на иста позиција, а Фергусон чувствуваше дека доведувањето на Зидан би можел да го загрози Ерик“, откри Едвардс.
Само една година подоцна Кантона се прости од фудбалот.
„Сега кога ќе се види, имаше место и за двајцата, бидејќи Зидан беше млад“.
Зидан наместо во Манчестер Јунајтед заврши во Јувентус, во кој се задржа 5 години, по што замина во Реал Мадрид. Остана историја…