По низата лоши вести фановите на Арсенал конечно дочекаа и вести кои ќе им се допаднат.
Имено, како што пренесуваат од Островот, Арсенал наскоро ќе стави крај на соработката со компанијата „Пума“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според информациите Арсенал, „Пума“ ќе ја замени со „Адидас“, комапнија со која „топчиите“ се многу блиску до договор за соработка и спонзорство во наредните години.
Арсенал пред две години ја прекина соработката со „Најк“ и се одлучи за „Пума“, а сега по две години изгледа доаѓа крајот и на оваа соработка.
„Пума“ е спонзор на Арсенал од 2016 година, договорот е вреден околу 30 милиони фунти по сезона, но „Адидас“ сега е спремен да понуди 50 милиони фунти годишно.
Англиските медиуми истакнуваат дека во „Адидас“ не сакаат да губат време, нудат повеќегодишен договор и сакаат се да биде завршено до почетокот на наредната сезона.
Quality this. pic.twitter.com/nSLSAy5oFf
— Arsenal Related ™ (@ArsenalsRelated) February 9, 2018