Дома Македонски спорт Мак фудбал Кондициониот тренер Сасански си замина од Работнички

Кондициониот тренер Сасански си замина од Работнички

Кондициониот тренер Илија Сасански, кој беше дел од стручниот штаб на Александар Влахо, Марјан Андрески и Ратко Достанич, не ја продолжи соработката и си замина од фудбалскиот клуб Работнички.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сасански беше одговорен за кондиционата програма на тимот, работа со повредени играчи и враќање во посакуваната форма, како и за контрола и анализа на ГПС податоците од Полар системот.

„Голема благодарност до тренерот Александар Влахо за укажаната доверба како и до играчите за одличната соработка“, изјави Сасански.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …