Дома Фудбал Англија Компани еден од главните кандидати за клупата на Челзи

Компани еден од главните кандидати за клупата на Челзи

Челзи после отказот на Грем Потер е во потрага по нов тренер, а најното име на списокот е Винсент Компани.

Поранешниот капитен на Манчестер Сити со голем успех го води Барнли, кој е лидер во Чемпионшип и сигурно се пласира во Премиер лигата.

36-годишниот Белгиец покажа дека има квалитет како тренер, а Челзи сигурно би бил голем чекор напред за него.

Медиумите на Островот тврдат дека Компани е во најтесниот избор на „сините“, заедно со Покетино и Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сити има седум од седум, но Вила знае како да го запре лидерот

Манчестер сити гостува кај Астон вила со максимален учинок во Премиер лигата, но тимот на …