Дома Останати Компанија Mozzart и оваа година спонзор на Спортските игри на Македонски полициски синдикат

Компанија Mozzart и оваа година спонзор на Спортските игри на Македонски полициски синдикат

Македонскиот полициски синдикат по 20-ти пат ги одржа спортските синдикални игри, а компанија Mozzart како повеќегодишен поддржувач на Синдикатот повторно помогна за успешна организација и реализицација на настанот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа година на Спортските игри и средби учествува околу 650 членови, домашни и странски гости на МПС. Игрите ги отвори Министерот за Внатрешни работи, а манифестацијата беше голем меѓународен настан на кој присуствуваа делегации од Словенија, Италија, Франција, Германија, Холандија, Шпанија, Португалија, Австрија, Кипар, Грција, Албанија, Бугарија, Романија, БиХ, Србија, Косово, Црна Гора и Хрватска. 

 „Сакам да изразам голема благодарност до општествено одговорната компанија MOZZART која  како и претходните години, така и сега несебично помогна успешно да се спроведе настанот. Реализацијата на овие игри придонесува да се одржи спортскиот дух и пријатната атмосфера помеѓу членовите, со меѓусебно дружење и размена на искуства од секојдневното работење. Затоа се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да ги одржуваме, со огромната поддршка која ја добиваме од нашите спонзори и долгогодишни пријатели.“ – изјави претседателот на Македонски полициски синдикат, Д-р Марјан Кицев.

Членовите  на Македонскиот полициски синдикат се  натпреваруваа  во разни спортски дисциплини, баскет, мал фудбал, одбојка, пикадо, табла, атлетика и шах. Оваа година за прв пат промотивно се организираше дисциплина пливање за мажи и жени на која присуствуваше Претседателот на државата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…