Јувентус денес од 12:30 часот со 3:0 ја победи Фиорентина. Двоен стрелец беше Кристиано Роналдо кој два пати погодуваше од пенал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првиот пенал за „старата дама“ беше досуден во финишот на првото полувреме кога Пезела играше со рака после шутот на Пјаниќ, а во продолжение вториот пенал беше досуден поради контакт помеѓу Чечерини и Бентакур.
После натпреварот првиот човек на Фиорентина, Роко Комисо го критикуваше судијата Пасква и неговите помошници.
„На Јувентус не му е потребна помош од судиите, навистина сум лут. Првиот пенал можеби беше, но вториот сигурно не беше. Нашите играчи се лути и демотиривирани“, изјави Комиси.
Веднаш потоа следуваше одговор од Павел Недвед.
„Прменогу се зборува против Јувентус дека победува со судиите, уморни сме од тоа. Јувентус до успех добива со добра игра и работа на теренот. Екипите треба да престанат да бараат алиби кога играат против Јувентус“, порача Недвед.