Дејан Кулушевски кој е еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, предизвика вистински хаос во Шведска затоа што остана на клупата за резерви на дуелот со Франција.
Кулушевски отворено го нападна селекторот на Шведска и изјави дека бил шокиран кога видел дека нема да биде стартер на дуелот со Франција од Лигата на нации.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Немав време да влијаам на текот на мечот. Бев шокиран. На тренингот беше супер, чудно е чувството, но го почитувам изборот на селекторот и се надевам дека на следниот меч ќе играм од почеток“, изјави Кулушевски, кој има македонско потекло.
Швеѓаните загубија со 0-1, Кулушевски одигра само 20 минути, а на негова страна застана Ибрахимовиќ, кој исто така го нападна селекторот.
„Вистинска шега. Уште еден доказ дека имаме некомпетентни луѓе на погрешни позиции кои го задушуваат шведскиот фудбал“, напиша Ибрахимовиќ.
Vilket jävla skämt.
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) September 6, 2020
Ytterligare ett bevis.
Inkompetenta personer på fel positioner som kväver svensk fotboll.https://t.co/I0RBYZO561